Во текот на ноќта во точно неутврдено време и начин, во Битола на улицата „Прилепска“, поточно во супермаркет „Ангромаркет“, две непознати лица извршиле тешка кражба при што одзеле 15 пакети разновидни цигари и околу 700.000 денари од дневниот промет, по што го напуштиле лице местото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.