Уживање: “За овој свет” од Тоше во прекрасна изведба на ќерката на Симон Трпчески, Лара (Видео)

„За овој свет“ е пораката испратена преку песна. Ќерката на светски познатиот пијанист, Симон Трпчески, Лара, отпеа преработка на песната на Тоше Проески, која како што вели музичарот, е песна која ни припаѓа на сите.

-ЛАРА И ПРИЈАТЕЛИТЕ – „За овој свет“. Моја долгоочекувана желба, откако почна катастрофата на човештвото пред 2 години (корона пандемијата што се’ уште не е стопирана…), со мојата ќерка и колегите од МАКЕДОНИСИМО, во форма на музичка порака од децата и младината – до децата, младината и најважно – возрасните, за мудрост преку која ќе процвета подобар свет! Уживајте во уште еднаш испеаната „За овој свет“ – песната што ни припаѓа на сите! – објави Трпчески.

Музиката е на Младен Марковиќ, а зад текстот стои името на Весна Малинова. Аранжманот е на Симон Трпчески и Влатко Нушев. Покрај Лара која е солист, учествува Детски хор подготвен од Тоше Митрев, Симон Трпчески и Влатко Нушев, како и Младински хор – од хорот „Про Арс“ и Хорот на Младинскиот културен центар, под раководство на диригентот Сашо Татарчевски.

Елементите од проектот МАКЕДОНИСИМО во аранжманот ги доловија пијанистот Симон Трпчески, виолинистот Владимир Крстев, виолончелистите Паскал Краповски (аудио) и Мартина Јаневска (видео), кларинетистите Хидан Мамудов (аудио) и Александар Ангелов (видео) и на удиралки Влатко Нушев. Режисер на спотот е Владимир Митревски-Ѓуле, Фокус филм, кои се појавуваат и како продукција на истиот, а продуцент е Симон Трпчески.

Песната има и англиска верзија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.