Ужас: Вака изгледа карцином на коски (ФОТО)

Коските, како и сите други органи во човечкиот организам може да бидат склони на заболувања.

Карциномот на коските може да биде малиген тумор кој го разорува коскеното ткиво, а постојат и бенигни тумори кои се многу почести од малигните. И малигните и бенигните тумори можат да растат и да го притискаат здравото коскено ткиво, но бенигните тумори не се шират, па затоа ретко претставуваат закана за живот.

Малигниот тумор на коските се нарекува примарен рак на коските. Ракот кој метастазира до коските од другите делови на телото, како што се дојките, белите дробови или простата, се нарекува метастатски карцином. Примарниот рак на коските е поредок од ракот кој се шири до коските. Ракот на коските може да настане во било кој дел од коскеното ткиво.

Примарниот рак на коските е редок и опфаќа помалку од 1% од сите карциноми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.