УЕФА го kaзни Пapтизан, но на стадионот се пojaвија 20.000 дeцa кои навивaa на цел глac: Пpeкpacна глетка (ВИДЕО)

Во четвртокот Партизан ги стартуваше натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа, а во Белград гостуваше холандскиот Аз Алкамар.

За натпреварот против Холаѓаните, УЕФА го казни Партизан , па клубот мораше да игра без поддршка од најверните навивачи “гробари”.

Според барањето на УЕФА на стадионот не смееше да присуствуваат лица кои се постари од 14 години, но никој не очекуваше дека на стадионот “ЈНА” ќе се појават над 20.000 деца.

Натпреварот заврши без победник 2:2, но глетката на стадионот беше неверојатна.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.