Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Удинезе.
Македонскиот голгетер после исфрлањето на Палермо во Серија Ц е слободен играч и веќе има постигнато договор со Удинезе.
Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Несторовски веќе ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе стави потпис на договорот.
Тоа денес го потврди и директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино, кој изјави дека македонскиот голгетер ќе се пресели на „Фриули“.
На официјалната страна од Удинезе веќе ја објавија информацијата, а добредојде на “Нестор-гол” му порачаа и преку социјалните мрежи: