Државниот архив на Република Македонија поседува 15.000 досиеја, во 630.000 страници направени од страна на тајната полиција во периодот од 1945-2000 година. Околу 120.000 досиеја се знае дека се направени но ги нема. Се претпоставува дека дел од нив се уништени а дел од нив се отстранети.
Државниот Архив на Република Македонија неодамна објави дел од овие досиеа под наслов „Црните страници на УДБА“. Оваа едиција се состои од 9 тома,составени од 16 книги на кои се пренесени 202 досиеја.
Прислушувани биле познати личности во Македонија од разни сфери на делување.
Ниту уметниците не останале имуни на прогонот на тајната полиција. Во 6-от том се опфатени 19 досиеја и тоа на Шишков, Колозов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Миле Неделковски, Бранко Варошлија….како и други македонски културни дејци. Ангажирани биле нивни секретарки на работа и соседи дома да ги надгледуваат и да пренесуваат информации на тајната полиција. Уметниците биле следени преку особено добро организирана мрежа. Исто така се цензурирале песни, во никој случај не смеела да биде спомената идејата за обединета Македонија или пак за Егејците.
Ѓорѓи Колозов бил кодошен уште во деновите додека студирал од свои колеги.
Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстото од досието на Колозов пишува дека постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски со свој колега.