Убиецот од Светомитрани со шокантна изјава пред полицијата

fwegerhtrjyt

Полицијата го расчисти случајот со убиството во продавница во крушевско. Полицијата денеска информира дека 33-годишната М.П. од селото пред неколку дена во нејзината колонијална продавница, по кратка расправија со пушката на свекорот, го застрелала 44-годишниот Н.Д. од истото село.

 

За жал, застреланиот маж починал на лице место, а продавачката била приведена. Од преземени мерки било утврдено дека причина за убиството е тоа што, сега починатиот, и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него.  Од почетокот на 2017 година постојано и се јавувал на телефон,  секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира. Истиот и упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син. Исто така ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина.  




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.