На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.
24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.
Повеќе од половина од испитаниците кои се изјасниле за конкретна политичка партија на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5% се определиле за Вреди, 11,1% за СДСМ, 10,9% за ДУИ, 7% за ЛЕВИЦА, 4,8% за ЗНАМ…
Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. МКД.мк


























