Убавина! На трет ден Велигден осветен преубавиот храм св. Атанасиј во населеното место Крушеани (Фото галерија)

Во населеното место Крушеани, општина Кривогаштани, денеска на трет ден Велигден, се изврши осветување на доградениот и реновиран црковен храм Св. Атанасиј.

Чинот на осветување го изврши Митрополитот на Крушевско-демирхисарската епархија, Владиката Јован, кој потоа чиноначалствуваше и со света Архиерејска Литургија. Храмот денеска го посетија голем број верници од Крушеани и соседните населени места.

Црквата во Крушеани според некои податоци е подигната и осветена во 1860 година, а според истражувањето на Јован Трифуноски, пак, црквата е подигната во 1877 година.

Храмот сега блеска од убавина, а за тоа заслужни се членовите на црковниот одбор, верниците, како и голем број донатори и добронамерници.

Нека е за навек!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.