Убава вест за тие што сакаат да работат во Германија – и без виза ќе може да се бара работа 6 месеци

Почнувајќи од оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе можат да се вработуваат во Германија, бидејќи ќе добијат право без работна виза шест месеци да престојуваат во земја. Во тој период нема да може да добиваат социјална помош и ќе треба да најдат работа за да може визата да ја продолжат. За да биде дозволен престојот без работна виза работникот треба да докаже дека има доволно пари самостојно да се издржува како и да покаже одредено ниво на познавање н германскиот јазик.

Досега, на работа во Германија можеше да се замине ако претходно се обезбедеше писмо- договор за вработување од тамошен работодавач и посебна потврда од нашата Агенција за вработување или, пак на полесен начин, со бугарски пасош.

Со новиот закон, изразот „квалификуван работник“ ќе се користи и за работници со висока стручна спрема и за работници со ниски стручни квалификации. Германија има намера на овој начин да ангажира вработени во стратешките сектори како информатиката, информатичката технологија, како и луѓе за работа во кујни и за нега на постари лица.

Законските измени предвидуваат дека во одредени околности работникот може да ја докаже стручната спрема стекната во земјата од каде доаѓа по доаѓањето во Германија, што значи дека квалификувани странци може да влезат во земјата, може дури и да почнат да работат, додека трае постапката за признавање на нивни дипломи и квалификации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.