Уапсени тројца тинејџери од Битола – Запалиле кафемат и предизвикале опасност

Денеска (07.11.2023) во Полициската станица Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршиле службен разговор со П.П.(18), С.С.(18), С.А.(18) и еден 17–годишник, сите од Битола.

Тие се сомничат дека на 03.11.2023 околу 00.13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети.

Во разговорот тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.