-На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола.
При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од МВР.