По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, попладнево уапсен е Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.
Според албанските медиуми Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК.
Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА. Станува збор за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша а ја приватизира албанската Електродистрибуција, договор кој потоа беше раскинат. И во 2022 година, Мета беше пријавен во СПАК од страна на поранешниот пратеник Халит Валтери.
Мета и неговата сопруга Моника Круемади, кои се во фаза на развод, исто така се под финансиска истрага, како и во врска со прашањето за лобирање во САД.
Мета (55) беше шеф на албанската држава во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година.