-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.К.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дели „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 31.07.2024 во домот на неговата поранешна девојка, пријавениот упатувал закани со пиштол кон неа и нејзината мајка, а од извршен преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол ЦЗ 7.65 со празна рамка, додека во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена кутија со куршуми калибар 7.65мм – информираат од СВР Битола.