На 02.01.2024 во 20.00 часот на ул.„Пере Тошев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Т.(39) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и повеќе таблети.
По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.