Уапceн прилепчанец во Битола – Дома си чувал артилериска гpaната

На 27.02.2023 во 09.45 часот на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Р.И.(53) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.

Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.