На 07.12.2022 во 23.45 часот во Прилеп од полициски службеници од Полициската станица Прилеп биле лишени од слобода Е.А.(42), А.А.(18) и А.А.(20), сите од Прилеп, поради тоа што околу 20.00 часот, по претходно недоразбирање, физички ги нападнале Н.А.(42) од Прилеп, неговата сопруга и неговиот син, при што употребиле тврди и остри предмети и му го оштетиле и неговото патничко возило – информираат од СВР Битола.