На 08/09.10.2022 во Битола, при извршена акциска контрола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Полициската станица од општа надлежност од СВР Битола, биле лишени од слобода три лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, на ул.„Никола Тесла“ бил лишен од слобода Н.Т.(21) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од дрога. Во битолската населба Горно Оризари биле лишени од слобода М.И.(29) и А.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.