Tутунарите од Прилеп и прилепско денеска излегоа на 6-часовна блокада на планинскиот превој Плетвар.
Од иницијативниот одбор велат дека нема да се откажат од протестите се додека не добијат писмени гаранции со кои просечната цена на откупот би достигнала 190-200 денари по килограм.
Велат тоа што е квалитетно и убаво се цени во трета и четврта класа. Бараат да бидат сослушани во Собранието пред пратениците, пред револтот да се прелее во друга несакана насока.
Инаку, веќе за утре е закажана нова средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, во општина Прилеп.
Блокадата на Плетвар започна во 10 часот и ќе трае до 16 часот.
Тутунарите велат дека освен возила на брзата помош нема да се пропушта ништо друго.