Oткако вчера на средбата со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа немаше договор, денеска тутунарите излегоа на пpoтecт и го блокираа патот Прилеп-Градско кај Заполшки мост.
Тутунарите истакнаа дека протестите ќе продолжат до петок за кога се очекува нова средба. Истовремено денеска продолжи и откупот.
Тутунарите бараат писмени гаранции од откупувачите и министерството и реална проценка на нивниот труд и мака.