Турчин кој продава македонски пиперки во Шведска: “Не смеам да напишам “северна” затоа што нема да продадам ниту еден килограм” (Фото)

Горан Трајков, нашинец кој живее во Шведска на Фејсбук објави фотографија на која се гледа прва класа македонска пиперка капија на пазарот во Малме.

Цената е 17,95 шведски круни, или нешто над 106 македонски денари за килограм, а во описот пишува Македонска паприка 1 класа.

Продавачот на тезгата бил Турчин по националност, а кога Горан зборувал со него, тој му рекол дека не смее да напише “северна” затоа што така не би продал ниту еден килограм.

“Се е кажано, се е до свеста”, напиша Горан на фотографијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.