Moстот “1915 Чанакале” кој Турција го гради кај теснецот Дарданели, се гради со полна пареа.
Мостот е со должина од 3563 метри, а она што го обележува како посебен е главниот распон на лаковите од 2023 метри, кој ќе го надмине мостот во Јапонија, “Aкаши Каико”.
Oвој мост ќе ја поврзе Азија и Европа и се наоѓа 200 километри на југот од Истанбул. Мостот е дел од автопатот Кинали-Текирдаг-Чанакале-Савастепе.
Турција предвиде околу 3 милијарди долари за изградбата на овој мост, патарината на него ќе чини 15 евра, а истиот е предвидено да заврши со изградба до крајот на 2022 година.