Турски воени авиони и бродови извршиле нови нарушувања на грчкиот воздушен простор и територијални води, при што тоа се случило пет пати за помалку од 20 часа, пишува „Катимерини“ под наслов „Анкара ја поттикнува напнатоста во регионот“.
Весникот наведува дека втор ден турски ловци Ф-16 навлегле во грчкиот воздушен простор во реонот меѓу островите Лезбос, Хиос и Инусес. Малку подоцна турски авиони го нарушиле воздушниот простор над островот Кастелоризо и зоната за летови над Атина.
Грчките власти регистрирале и нарушувања на територијалните води на земјата во реонот на островот Инусес, каде што околу час и половина брод на турската крајбрежна стража останал во грчки територијални води без одобрение, по што се повлекол.