Турските служби уапсија погрешен “терорист” ?! – Изјава на осомничениот Киргистанец (ФОТО+ВИДЕО)

slika

Како што претходните неколку денови известија светските медиуми, Јахие Машрапов е терористот кој го предизвика крвопролевањето во ноќниот клуб во Истанбул, “Реина”.

Целата приказна доби свој пресврт, кога Киргистанецот излезе со ексклузивно интервју за киргискиот портал turmush.kg.

Како што кажува тој во интервјуто, и самиот бил изненаден кога ја видел неговата слика како кружи по медиумите.

slika2

Машрапов изјави дека, неговото присуство во Истанбул било поврзано со трговија, а полицијата го привела да го испитува за терористичкиот напад. Објаснувањето на полицијата било дека тој личи на човекот на снимката од безбедносната камера.

“Јахие Машрапов нема никаква врска со крвопролевањето во ноќниот клуб во Истанбул”, пишува порталот turmush.kg.

Она што е сигурно е дека Исламска Држава ја презеде целата одговорност за нападот.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.