Турнир во баскет „Гоце Делчев“

12592034_827976297314685_1487530194_o

Од 5 до 7-ми Февруари во спортската сала на средното учичлиште „Ристе Ристески Ричко“, ќе се одржи турнир во баскет по повод 60 годишнината од формирањето на првиот кошаркарскиот клуб во градот „Гоце Делчев“.

По тој повод кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“ ги повикува сите заинтересирани да се пријават на овој турнир до 4 февруари. Според пропозициите на баскет турнирот екипите ќе бидат поделени во три возрасни категории. Првата за натпреварувачи до 18 години, од 19 до 40 години и над 40 години.

IMG_7783

Oва е само почеток на една баскет приказна која што Општина Прилеп ја започна со цел да го зголеми рејтингот на баскетот во градот како и водењето на здрав начин на живот во духот на баскетот. Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиција кој ќе се одржува секоја година. Пријавувањето е бесплатно, а за најдобрите три екипи од секоја возрасна категорија ќе бидат обезбедени награди.

Резултатите, групите и распоредот на натпревари ќе бидат објавени на Facebook страницата – Турнир во баскет „Гоце Делчев“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.