Tуристичката Агенција Орбита од Прилеп е свежина во туристичкиот сектор што нуди единствени можности за патување, уникатни дестинации и најдобри аранжмани. 14 годишното постоење е повеќе од доволно за да им ја дадете вашата доверба. За деновите кои ги чекате целата година, за вашите летни одмори или планирани патувања, дозволете да се погрижи некој што работи пред се со љубов, посветеност, некој што во прв план ги има желбите и потребите на своите клиенти.
Понудите за летото кое претстои ги опфаќаат сите атрактивни дестинации на соседните морски ривиери. Во Грција одморете на Халкидики, Олимписката ривиера, уникатните грчки острови и секогаш привлечниот Јонски брег. Во соседна Бугарија резервирајте за луд и полн со забава одмор во Сончев брег, Златните песоци, Несебар и Албена.
[Best_Wordpress_Gallery id=”203″ gal_title=”ORBITA-2″]
Ако сакате уште повеќе сонце тука е Кушадаси во Турција, а ако сте вљубеници во Јадранот, Црна Гора со Будва, Чањ и Сутоморе, е дестинацијата за вас.
За сите рани резервации Туристичката Агенција Орбита нуди попусти и разни поволности.
Во нивното работење вклучуваат и автобуски превоз до Србија, Албанија, Црна Гора и Германија, како и авионски билети за целиот свет.
За студентите, студентски авио билети за САД, со реномираната компанија Turkish Airlines.
За Велигденските празници ТА Орбита нуди аранжмани за голем број европски метрополи. Отпатувајте за Рим, Венеција, Фиренца, Барселона, Париз, Краков, Будимпешта, Милано, Азурниот брег, Истанбул, Стразбург, Виена.
Орбита е единствена можност за млади. Супер привлечни цени за Првомајско патување во Паралија, како и Лето 2016 на Грчката Ибица или островот Иос, оазата на лудата забава островот Кавос и најголемото одморалиште на турско-егејската обала, Кушадаси.
Богатата понуда за патување и летување ја надополнуваат и организираните патувања за концерти. Mоментално активна е можноста да се посети концертот на виолинистот Andre Rieu во Будимпешта, уметникот чија музика го обиколи светот.
Туристичка Агенција Орбита е тука и за визни посредувања и олеснувања за далечните САД, Австралија и Канада.
Сето ова ги прави единствени, уникатни, препознатливи и привилегирани. Заокружете ја потрагата по вашиот туристички организатор. Посетете ја Турискичката Агенција Орбита, лоцирана на адреса: Александар Македонски 125 Прилеп, веднаш до Стара Црква. За подетални информации посетете го веб сајтот на агенцијата http://www.taorbita.com.mk/ и нивната фејсбук фан страна: https://www.facebook.com/TAORBITA/?ref=aymt_homepage_panel&__mref=message_bubble
Патувајте во светот на орбитата!
А.Г.