Туристи здебелиле мајмун, па сега тој мора да држи диета

Тајланд е дом на илјадници диви мајмуни, меѓу кои најбројни се макаките и гибоните, што често се сретнуваат и во урбаните населби, каде доаѓаат барајќи храна.

5majmun-640x488

Масни е долгоопашест макаки мајмун кој е вистинска атракција во Бангкок. Но, тој е и вистински зависник од брзата храна, па наскоро ќе мора да биде ставен на строг режим на исхрана и физички активности.

vtora

Масни е миленик на туристите, па често ужива во остатоците од нивната храна: шејкови, слатка пченка и тропско овошје. Но, тој се „здебели“, па сега, поттикнат од самите фанови, тој мора да трча.

treta

– Се здебели, оти јадеше се што му доаѓаше при рака. Не е болен, но му треба наша помош. Тој сака да јаде, а таму каде има многу туристи, на кои им е миленик, го хранат уште повеќе, рече еден локален туристички водич.

cetvrta

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.