ТРЧАМЕ ЗА НИКОДИМ! По повод Денот на ослободувањето, ноќна хуманитарна трка во Прилеп

Почитувани прилепчани,
по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември, организираме ноќна трка на 5 километри низ Прилеп која ќе биде од хуманитарен карактер – информираат од општина Прилеп.

Трката ќе се одржи на 2. ноември, сабота, со почеток од 19:00 часот. Од општина Прилеп ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество на овој настан, а целта е  трчајќи и забавувајќи се да собереме што повеќе средства и да му помогнеме на малиот Никодим Мидоски.

Котизацијата за трката ќе биде 200 денари!

За трката можете да се пријавите на следниот линк:
https://forms.gle/QuDiV9ffTh3yxbRL9

Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број!

Трчаме 5-ка за Никодим!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.