Трпчecки: Koга ќе ме пpaшаше татко ми „Што си ти, Cимонче?“, велев „Jac cyм Македонец и комита“ (Видео)

Македонскиот и светски познат пијанист, Симон Трпчески синоќа гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ. Со една негова изјава Трпчевски го “забетонира” неговиот македонски идентитет.

„Јас знам дека десет поколенија наназад сум Македонец. Знам дека едниот дедо ми бил заробен зошто се борел за Македонија, од другата страна прадедото ми бил основач на одредени комитски чети. Знам дека татко ми во време на Југославија кога ќе ме прашаше како дете: ‘Што си ти, Симонче?’, одговарав ‘Јас сум Македонец и комита’. Тој велеше: ‘Да, јас сум Југословен, но јас сакам прво да знам дека јас сум Македонец’. И јас не разбирам што има лошо во тоа. Јас утре може да земам пасош од Бурунди, но нема да се плашам да кажам дека јас сум Македонец, дека имам македонско потекло. Јас знам што сум. Мојот корен си го знам. Ќе ми биде уште попријатно да знам дека сите граѓани во државата го зборуваат македонскиот јазик, дека македонското знаме е поставено на територијата на цела Македонија“, рече Трпчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.