Со почитување на здравcтвените пpoтоколи, кои ППФМ ги доби од комисијата за зapaзни болecти, во периодот од 24 aвгуст до 2 cептември во Пехчево, ППФМ во соработка со Македонскиот Олимписки комитет и Светската пингпонгарска федерација ИТТФ организира тренинг камп за најдобрите играчи во младинските категории, како и семинар за обука за тренери за добивање лиценца за сертифициран тренер од ИТТФ – Ниво 1.
Семинарот и кампот го води еминентниот француски тренер Николас Гигон. Треба да се напомене дека ова е прв ваков семинар и камп од страна на ИТТФ во светот, после првиот бран на COVID-19.
Семинарот за тренери веќе заврши, а од 17-те сега веќе лиценцирани тренери со светска лиценца од ниво -1, се и тројца тренери од нашиот град, репрезентативниот тренер Зоран Јованоски, Гоце Тошески и потпретседателот на пингпонгарската федерација Златко Рикалоски. Семинарот траеше 5 дена и се состоеше во:
-Изучување на практична обука за подучување на почетници,
-Почетни елементи за понапредни играчи,
-Теоретско предавање на теми како сервис прием движење.
Исто така дел од семинарот за тренери беше и обука за тренинг на лица со попреченост. Учесниците ги научија правилата на пара пинг понгот, ги изучувааа неопходните работи на еден ваков тип на тренинг и имаа прилика да погледнат и почувствуваат како се игра пинг понг во инвалидска количка.
Целта на овој семинар покрај самото сертифицирање на 17-те тренери, беше и надминување на бариерите и изучување и постигнување на успех во пинг понгот.
Фокусот на федерацијата се стави на обезбедување сертифицирани тренери во сите клубови од Супер и Прва лига.
Што се однесува до кампот за најдобрите играчи во младинските категории,ова ќе биде почеток на подготовки за претстојното Балканско првенство во Албена -Бугарија, на почетокот на м.Октомври,секако доколку епидемиолошката состојба го овозможи тоа.Во моментот од нашите прилепски клубови немаме свој учесник на кампот но следеќи го напредокот на младите прилепски пингпонгари,од наредната сезона се очекува повик од селекторот и во младинските селекции.
Условите кои ППФМ заедно со МОК ги обезбедија во хотел Гогов, се одлични и на располагање целодневно е и салата во Пехчево. Благодарност и до спонзорот на Пингпонгарската федерација на Македонија, компанијата Кожувчанка, кој го обезбеди 10 дневното освежување за учесниците.
ППФМ не застанува тука и до крајот на годината најавува уште неколку кампови за младите категории, кои исто така ќе ги водат познати странски тренери, заедно со селекторот и репрезентативните тренери.