Трогателно: Во болнички кревет за последен пат го гледаше омилениот тим на стадион (видео)

Крајно емотивно беше за време на синоќешниот натпревар меѓу ПСВ Ајндховен и Херенвен, откако 88-годишниот Пиет Адријанс се појави на „Филипс арена“ во болнички кревет, за последен пат во живо да го бодри својот тим. Името не значи ништо, но Адријанс важи за еден од најлојалните фанови на ПСВ, кој воедно извесен период беше и вработен на стадионот на холандскиот гигант.

psv-1-520x284

Тој има рак на белите дробови и не му останува уште многу живот, а последната желба му била – за последен пат да ги види во живо во акција своите миленици.

psv-520x338

Раководството на ПСВ ја организираше целата акција, тој во болнички кревет пристигна на стадионот и беше сместен на трибината, од каде го следеше целиот натпревар.

Сосема очекувано, тој доби овации од сите присутни на „Филипс арена“, но за жал ПСВ не успеа да слави, играјќи само 1-1 против Херенвен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.