ТРОГАТЕЛНА СРЕДБА: Татко го пронашол својот син кој го загубил пред 24 години додека одел на работа (ФОТО)

Солзи радосници ги облиле лицата на татко и син во северо-западот на Кина кога конечно одново се сретнале после 24 години.

Таткото Ли Схунји и мајката Ду Ли го изгубиле своето тогаш тригодишно дете во гужвите низ улиците на градот Кси’aн – пишува “Дејли Мејл”.

Ли Леи, сега 27-годишен, конечно ги сретнал својот 59-годишен татко, откако полицијата успешно го идентификувала него во ДНА дата базата на изгубени деца.

“Го напуштив домот и заминав да продавам облека на мојата тезга”, вели таткото. “Не ни забележав дека мојот син ме следел. Тоа го дознав дури откако мојата сопруга дојде да ме побара и ми кажа дека детето ни е изгубено. Ми се здрвија нозете”, додал Ли.

“Можностите за комуникација тогаш не дозволуваа да го бараме како тоа што е денес” – рекол таткото Ли за кинеските медиуми.

Ли тогаш го продал својот бизнис и започнал да патува ширум земјата за да го пронајде својот син.

Испечатил околу 180.000 летоци за исчезната личност и ги разнесувал ширум земјата.

“Продолжив да си велам себе си. Не смеам да се откажам. Морам да го видам моето дете уште една”, раскажува тој.

Конечно Ли го сретнал својот син во петокот, кога полицијата успеала да го идентификува Леи Ли во националната ДНА дата база за изгубени деца.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.