Секојдневни скандали и трауми за земјоделците од оваа власт полна со непотизам! Овојпат ограбени и понижени се тутунарите! Објави на својот Фејсбук профил Цветан Трипуновски.
“Секојдневни скандали и трауми за земјоделците од оваа власт полна со непотизам! Овојпат ограбени и понижени се тутунарите!
Тие го обвинуваат Кире Неделковски, близок човек на премиерот Заев, активен учесник во изборните кампањи и водач на тутунарските протести кога сдс беше во опозиција, кој благодарение на таа активност добил место како претседател на
Сојузот на тутунари на Македонија. Кире злоупотребил пари на здружението кои требало да им се исплатат на поверениците!
Ова е уште еден доказ дека пријателите, роднините и семејствата на сдс се богатат од потта и маката на Македонецот!”, напиша Трипуновски на Фејсбук.