Трик за решавање на проблемот – кошулата повеќе нема да ви се извлекува од панталоните

Обично мажите знаат да полудат кога ќе им се извлече кошулата од панталоните. Во продолжение ви пренесуваме неколку совети како да го решите и тој проблем.

-Кошулата мора да паѓа преку ременот во должина од околу осум сантиметри.

-Вовлечете ја кошулата во откопчани панталони, а остатокот од материјалот кој ќе ви остане околу половината прифатете го со прсти и превиткајте кон грбот, а потоа закопчајте ги панталоните.

-За оние кои носат и долна маица, вовлечете ја во долната облека, а потоа кошулата во панталоните. На тој начин нема да се извлече маицата и да ја повлече кошулата надвор. Маицата треба да биде доволно долга за да не се извлече.

-Војниците и полицајците мора да изгледаат беспрекорно во копула, па поради тоа користат трегери, но не оние класични. Тие трегери се две продолженија кои на едната страна ја држат кошулата, а на другиот крај чорапите.

-Додека ги закопчувате панталоните водете сметка копчињата и затворачот на панталоните да се еднакви.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.