Три злата и едно сребро: Драган Стефаноски прв пат возеше трка и направи растур на Државниот шампионат во авто слалом (Фото)

Изминатиот викенд на 13 и 14 ноември на спортскиот аеродром во село Сарандиново, општина Долнени, се одржа Државениот шампионат во “Авто-Слалом 2021”.

Вљубениците во автомобилизмот имаа одлична можност да уживаат во една одлична организација и врвно адреналинско искуство.

Меѓу најдобрите поединци на настанот беше Драган Стефаноски од долненско Ропотово, кој се закити со три први места и едно второ место.

Ова беше прва трка за него, а на натпреварот возеше “Пежо 206” од 1600 кубици.

Честитки до Драган и до сите освојувачи на медали на овој прекрасен спортски настан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.