“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Прилеп, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 24.5% од испитаните граѓани.
Зад него е кандидатот на СДСМ, Горан Сугаревски за кој довербата ја дале 19,9% од граѓаните. Она што е интересно е дека во Прилеп има и трета сила, а тоа е кандидатската листа за советници и кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Славе Петрески за кој се определиле 4,8% од испитаниците.
Листата на ЛДП и ДОМ за Прилеп ја сочинуваат главно луѓе експерти во својата област, интелектуалци и луѓе кои се почитувани во средината во која работат и функционираат.
За потсетување овие две политички партии беа во коалиција со СДСМ на претходните изборни циклуси.
За претстојните локални избори на 17. октомври се одлучија за своите кандидати за градоначалници и советници, и се чини дека не погрешија со нивното дистанцирање од владеачката партија.
Останува да видиме колку советници од оваа листа ќе успеат да освојат во идниот Совет на општина Прилеп: