Вистина е дека не контактираа од кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, добивме покана за Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат предводници на овогодинешната државна церемонија на големиот национален празник Илинден кој ќе се чествува на 2 Август по повод Илинденското востание во Крушево. Исто така Илинден е и голем верски празник. Чест е да се празнува Илинден на било каков начин, тој празник ја обликува македонската револуционерна борба, велат тренерте на македонскиот олимпиец, Борче и Дарко Костовски.
-Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија согласно оваа покана од страна на претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата, но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или било какви други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија.
Според тоа што ни е и најавено, очекуваме Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат повикани на прием во вилата на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
На приемот тој и неговиот тим да бидат соодветно одликувани за овој најголем спортски успех во независна Македонија.
Успехот на Дејан Георгиевски секако е надпартиски, над било какви верски или други разлики, овој историски успех безвременски ќе ги радува и ќе ги прави горди сите луѓе во државата, тој припаѓа исклучиво на Македонија и народот што живее во неа.
За многу години Илинден, да ни е вечна Македонија, велат тренерите.