Трендот со партиски вpaботyвања продолжува и во ек на пандемиja: Aктивни се 119 огласи

119 нови вработувања објави Агенцијата за администрација за вработување во локалната и централната власт. Според огласите најмногу работници бараат општините или вкупно 46, предводник е општина Струга со дури 24 отворени работни меса.

Платата во општина Струга во зависност од позицијата започнува од 15.500 денари а достигнува дури до 40.000 денари, што всушност претставува и највисока плата од сите активни огласи во јавниот сектор во моментов.

Огласи за вработувања објавиле и уште 9 други општини, а вработува и централната власт и нејзините институции, кои објавиле огласи за 28 работни места, најмногу дури 15 лица вработува Управата за водење матични книги.

Огласи за работа објавиле и неколку јавни претпријатија каде предводник ЈП Железничка инфраструктура. Ова претпријатие вработува 15 лица за плата од 19.000 до 27.400 денари.

Огласи има и во образованието и во здравството, се вработуваат 23 лица, но не се бара наставнички ниту здравствен кадар, туку сите огласи се однесуваат на работни позиции во администрација.

Додека јавната администрација се преполнува со партиски кадри вчера во собраниска процедура влегоа измените од

Законот за работни односи, според кој се предвидува задолжително пензионирање во јавниот сектор на 64 години, а властите очекуваат дека со овие законските измени ќе се создадат услови да се намали бројот на вработени во јавниот сектор и конечно да се создаде поефикасна администрација.

Претходно, јавноста беше сведок на други огласи за вработување во државната администрација во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во националната радиодифузија, како и по тројца советници во кабинетите на министерството за одбрана, и министерството за образование и наука.

Имено, и весникот Лајм излезе со информација дека се предвидени 800 нови вработувања кои според информациите дури 640 Албанци и 160 вработувања за останатите 160 лица од другите етнички заедници.

Министерството за информатичко општество и администрација и Владата сѐ уште молчат за оваа информација која предизвика лавина рекации, бидејќи и без нив има вработени според Рамковниот договор што не одат на работа, а земаат плата.

Извор: “Нетпрес”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.