“Трева малце има, стативи, столчиња, семафор нема: Што е тоа, ве прашува СДСМ?” (Фото галерија)

Денеска на градскиот стадион “Гоце Делчев”, кандидатот за пратеник од Прилеп, Миле Талевски, градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, се пофалија дека поставиле нова тревна подлога. На тоа реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп од каде испратија фотографии на кои се гледа дека само мал дел од стадионот е покриен со нова тревна подлога.

“Цели три години имаше СДСМ да го реконструира градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Цели три години лежеа и лажеа, па сега на два дена пред избори се фалат дека поставиле нова тревна подлога на теренот од стадионот, иако е поставен само мал дел од тревната подлога.

Ветуваа дека реконструкцијата на стадионот “Гоце Делчев” ќе заврши пред една година, а денеска шутираа топка на четврт терен послан со трева.

Ги прашуваме кој ќе игра фудбал во Прилеп, кога Победа целосно ја уништија и ги избркаа фирмите кои вложуваа во клубот?

Дали оваа манипулација е само беден обид пред избори да се добие глас повеќе, а потоа одново по старо ќе заборават и на фудбалот и на стадионот, како што забораваа и досега?

Фотографиите кои ги приложуваме покажуваат дека на само мал дел од фудбалскиот терен е поставена тревна подлога и токму тука Миле, Сугаре и Јованоски се фотографираа и правеа шоу пред камери.

Триото Миле Талевски, Горан Сугарески и Илија Јованоски, како што ја започнаа, така и ја завршуваат оваа предизборна кампања. Растрчани да асфалтираат метар повеќе и одново да го ветат тоа што го ветуваа и пред 3 години, заборавија дека граѓаните веќе ја изгубија довербата во нив.

На 15-ти јули во среда, следува одговорот на граѓаните за сите манипулации, за сите лаги, за целиот криминал и корупција.

Граѓаните ќе му ја испорачаат сметката на ова трио, заедно со нивниот ментор Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата “Проект Обнова на Македонија” се обврза на 800 милиони денари годишна дирекна помош за развој на спортот. Спортистите го препознаа тоа и затоа ќе дадат поддршка и ќе го заокружат бројот 14.

Следува ОБНОВА на државата, следува ОБНОВА на спортот!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.