Ова венчавање требало да биде сосема обично. Барем така мислеле младите Триша и Нил Свон кога го кажале судбоносното ДА во црквата во еден ирски град.
Но, немале ниту поим какво изненадување ги чека за оваа прилика. Откако ги размениле заветите, од позадината се слушнале гласови, невестата се завртила и видела луѓе како стојат во ред.
Кога започнале да пејат, таа не можела да ги сокрие солзите и емоциите. Свештеникот исто така им се придружил.
Се работи за изненадување кое на невестата и го приредила нејзината другарка, а за таа цел ангажирала повеќе локални музички ѕвезди.
Покрај зетот и невестата сите присутни биле фасцинирани од моќноста на изведбата.