Припадниците на Шумската полиција по 12 години добија чизми. На денешниот настан по овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа најави дека најдоцна до март 2021 година Шумската полиција ќе добие и нови летни и зимски униформи.
Како што соопшти Хоџа, на владина седница е усвоена Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку Колективниот договор на овластените службени лица во Шумската полиција, со што по 22 години на шумските полицајци ќе им се зголемат платите и правата.
-Чизмите во наредните денови ќе се дистрибуираат до сите шумски полициски станици. За нивна набавка се искористени 2,5 милиони денари од над десетте милиони колку што чини набавката заедно со униформите. Ние само ја спроведуваме нашата законска обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за здравје и безбедност при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен и затоа е клучно да има соодветна лична заштита согласно ЕУ стандардите и меѓународните прописи. Набавените чизми се токму такви – потенцира министерот.
Хоџа се заблагодари за успешната работа на шумската полиција, потсетувајќи дека вакво признание изминатиов период стигнал и од Интерпол.