Трамп му предложил на Макрон Франција да ја напушти Европската Унија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му предложил на францускиот претседател Емануел Маркрон, билатерален договор со Америка, доколку Франција ја напушти Европската Унија, пишува “TheHill”.

Според колумната објавена на “The Washington Post” во четвртокот, Трамп оваа идеа му ја пренесол на Макрон кога францускиот претседател беше во посета на Белата куќа во април.

Потоа тој му понудил билатерален договор кој нуди подобри услови од оние кои ги предвидува Европската Унија, пишува Џош Рогин.

Од Белата куќа одбија да ја коментираат оваа колумна и соработката меѓу Трамп и Макрон.

Уште како претседателски кандидат, Трамп ги критикуваше многу меѓународни организации, а особено НАТО. Тој често го ставаше под прашалник местото на САД во НАТО алијансата. Исто така, тој се закани со напуштање на НАФТА (Северноамерикански договор за слободна трговија).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.