ТРАМП ГО ЗАМОЛКНА НОВИНАРОТ НА СИ-ЕН-ЕН: “Не одговарам на вашите прашања – вие сте ЛАЖНИ ВЕСТИ!”

Американскиот претседател Доналд Трамп е во посета на Велика Британија.

Со британската премиерка Тереза Меј одговараа на прашања од новинарите во нејзината резиденција.

Во еден момент, новинар на Си-Ен-Ен се јави да постави прашање за Трамп, меѓутоа, не стигна ни да се претстави бидејќи претседателот го прекина.

“Не одговарам на вашите прашања. Тоа се лажни вести”, рече Трамп.

На новинарот на “Фокс Њуз” му беше дозволено да постави прашање и конференцијата продолжи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.