Традицијата на ракометните успеси на гимназијалците продолжува и оваа година

rakometari-2017

Во организација на Федерацијата за училишен спорт на Р.Македонија, во Струга на 20.03.2017 се одржа регионалниот натпревар во ракомет во конкуренција на младинци.

На натпреварот учествуваа првопласираните екипи од општинските натпревари од градовите Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен, Струга, Кичево Гостивар и Тетово.

На регионалниот натрпевар екипата на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп продолжи со минатогодишните шампионски успеси, освојувајки го првото место, а со тоа се пласира на државното првенство за средни училишта.

Во екипата се учениците Стојаноски Бојан, Петкоски Брајан, Ивчески Илчо, Кочоски Илчо, Нешкоски Јане, Алексоски Давид, Ристески Филип, Рикалоски Александар, Стојаноски Дино, Темелкоски Евгениј, Шокоски Давор, Илиески Методиј, Ангелевски Стефан, Златески Валентин и Илија Локвенец.

Екипата беше предводена од професорот по спорт Даниел Василески.

„Заедно, сите ракометари и нашиот професор Даниел кој успешно не води неколку години и оваа година, традиционално, продолживме до уште еден голем подвиг пласирајки се на државното првенство. Мината година на државното првенство го освоивме одличното второ место. Да се надеваме дека оваа година ќе го подобриме или ќе го повториме ланскиот успехот.  До првото место во регионот, стигнавме напорно со многу тренинзи и подготовки кои вродија со плод. Ја имаме поддршката од Директорот и останатите професори и продолжуваме достојно да ја претставуваме нашата гимназија „Мирче Ацев“, вели – Давор Шокоски, капитен на ракометната екипа




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.