И оваа година под малата трибина на градскиот стадион “Гоце Делчев” се собраа коледарите од навивачката група “Мајмуни”. Ниту силното снежно невреме не ги поколеба да уште еднаш традиционално да го одбележат денот.
Весело со игра и песна, со посна трпеза и многу смеа и дружење, беше атмосферата под малата трибина.
Екипата на Маркукуле им посакува ова дружење да им опстои уште многу, многу години.