Секоја држава има своја култура и традиционални јадења. Каква храна се подготвува за Нова година ширум светот?
Во некои земји се прават леб и колачиња, додека пак во други земји се прават јувки кои се симбол за долг животен век, грав(кој е симбол за пари), риби кои се знак за изобилие и специјалитети со свинско месо кои претставуваат среќа.
Определени намирници во јадењата се разликуваат, но поентата е иста – делете ја храната и пијалоците со семејството и пријателите за да имате успешна година. Еве неколку традиционални јадења кои се подготвуваат ширум светот.
Hoppin ‘John, САД
Едно од најпопуларните јадења на трпезите во Америка е грав кој симболизира пари, а се прави со свинско месо и ориз и се сервира со зеленчук и пченкарен леб.
Дванаесет зрна грозје, Шпанија– Ова е познат обичај во Шпанија кој датира од 1909 година и подразбира консумирање на 12 зрна грозје, кои се јадат едно по друго на секое отчукување на часот на полноќ.
Се верува дека новата година ќе биде среќна и успешна за секој кој ќе успее да ги изеде сите 12 зрна во последните 12 секунди од старата година.
Тамалес, Мексико– Тамалес е мексиканско јадење кое се подготввуа од варено пченкарно брашно кое се полни со месо, сирење и останати вкусни додатоци. Во многу семејства, жените се собираат за да го подготват ова вкусно јадење, а секоја од нив е задолжена за еден процес на готвење.
Олиеболен, Холандија– Во Холандија се прави олиеболен, што во превод значи еден вид на крофни.
Прасиња од марципан, Австрија и Германија– Во Австрија и Германија обичајот е на новогодишната ноќ да јадат колачиња во облик на прасе од марципан. Во овие предели се верува дека прасињата се симбол на благосостојба и среќа, па затоа се прават ваквите колачиња.
Кралевска торта, ширум светот– Во повеќето земји, Грција, Франција, Мексико и Бугарија се прават колачиња кои се слични на леб.
Крансекаге, Данска и Норвешка– Крансекаге е всушност торта која е направена во облик на кула составена од прстени кои се наредени еден на друг.