Традиционален “Отворен ден” за граѓаните во oпштина Прилеп

Учениците од ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Гоце Делчев“, СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, планинарите од планинарскиот клуб „Мамут“, како и членовите на боречкиот клуб „7-ми Мај“ денеска беа дел од присутните гости кои ја посетија општина Прилеп, во рамките на Отворениот ден.

_MG_4640

Учениците, планинарите и борачите се запознаа со работата на голем број одделенија во општината започнувајќи од големата сала на општинската зграда, едношалтерски систем, инспекторатот, секторот за урбанизам, архивата, секторот за општо-правни работи, одделението за финансии, раководителите на одделенијата, Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, секретарот, шефот на кабинет на градоначалникот, а остварија и средба со градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_4531

„Посетивме повеќе сектори во општината, за прв пат сме тука, многу е интересно што се запознавме со тоа како функционира локалната самоуправа и сите нејзини одделенија и како се раководи со градот и со сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат надлежните служби“, рекоа дела од оние кои ја посетија Општина Прилеп.

Инаку традицонално еднаш во текот на месецот се организира овој Отворен ден за граѓаните на општина Прилеп кои ја посетуваат зградата на локалната самоуправа.

_MG_4620

„Целта на овој настан е што е можно повеќе граѓани да се запознаат со работата на локалната самоуправа, проектите, и секако да дадат свои идеи и да постават прашања на кои ние редовно одговараме. Исто така целта е да се одржува транспарентното работење на општината кое што е на доста високо ниво. И понатаму ќе продолжиме со реализација на овој прокет „Отворен ден за граѓаните“ и секако „Денот на идеи“ од кој што ден произлегоа голем број на проекти кои се реализирани во Прилеп. Сакаме да ги слушнеме сите предлози од граѓаните кои тие ги имаат за да ние ги спроведеме и реализираме“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на општина Прилеп.

_MG_4709

На дел од присутните групи им беше презентиран и краток филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов и урбан лик на градот.

_MG_4595

_MG_4711




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.