Вчера околу 14.15 часот на локалниот пат помеѓу селата Дреново и Сланско (општинa Македонски Брод) се случила сообрќајка во која загина Х.Т. (1998) од Македонски Брод.
Загинатиот возел мотоцикл, а од засега непознaти причини тој се судрил со возило „фиат добло“ управувано од Б.Т. (2000) исто така од Македонски Брод.
Поради тешките повреди, од кичевската болница итно кон скопските клиники бил пренесен Х.Т. кој околу 18 часот починал.
МВР извести дека двајцата возачи немале положено за возачка дозвола.