Трагедија утринава во Македонија – Тешка сообраќајка во прилепско

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 22:40 часот на патот село Ропотово-село Лажани, соопштуваат од МВР.

Патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од 18-Е.Ј. годишниот од село Саждево-Крушево излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот, 16-годишниот М. М. од селоСаждево при што се префрлени во Градската општа болница во Прилеп, каде на 23.06.2018 година во 02:10 часот Е.Ј починал.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.