Црквата Христово Воскресение во Сиднеј изгоре, голема трагедија за Велигден во Австралија, дознава КУРИР.
Пламени јазли го проголтаа светиот храм на овој најголем христијански празник.
Двајца пожарникари се повредени за време на гасење на пожарот. Црквата се наоѓа во близина на старски дом, кој итно бил евакуиран. Улицата на која се наоѓа црквата била затворена, а на лице место се наоѓаат 100 пожарникари.